Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Кавадарци 2016

 

2017

Почитувани,
Во петок на 15 септември 2017, во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата
Кога Кавадарци свиреше Rock’N’Roll – 25 години од првиот Тиквеш Рок Фест“.

Како организатор се јавува Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а манифестацијата е во рамките на “Нов културен бран 2017“ со подршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Содржински манифестацијата ќе донесе:
16.30 часот – Мастер клас по џез и рок бас гитара и контрабас на дипломираниот џез контрабасист Петре Ангелов Фиш;
19.00 часот – Трибина насловена како: “Рок музиката во Кавадарци “;
21.00 часот – Рок концерт со првата лига на кавадаречката рок сцена - рок бендовите “Leksikon“, “Bad-Ass-All“ и “Smoke Shakers”. Целата содржина ќе се одвива на “Паркот на револуцијата“ во Кавадарци

Kavadarci rock


Како дојде до организација на оваа манифестација? Во 1992 година во Кавадарци се одржа првото издание на “Тиквеш Рок Фест“, на кое учество зедоа 11 рок бендови од Кавадарци и еден од Неготино. Победник беше бендот “Skylab” од Кавадарци, а гости беа “Зијан“ од Гевгелија, “Боб Рок“ и “Александрија“ од Штип. Остатокот од приказната за овој култен кавадаречки рок фестивал ќе биде раскажан во петок, на 15 септември 2017, на манифестацијата “Кога Кавадарци свиреше Rock’N’Roll – 25 години од првиот Тиквеш Рок Фест“.
Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, кое се јавува како организатор на манифестацијата, постои пет години и во своето досегашно делување, меѓу другото, стои зад шест изданија на Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“, посветена на легендата на кавадаречката урбана сцена Дејан Костов Лиса и зад две изданија на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Со почит,
Марјан Тодоровски
“Алтер Центар“ Кавадарци



10 јули 2017, понеделник, Градски парк Кавадарци

Почитувани,
Би сакал да Ве информирам дека во понеделник, на 10 јули 2017, во Кавадарци по шести пат ќе се одржи Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“. Манифестацијата е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а е посветена на Дејан Костов Лиса, еден од последните урбани легенди од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки уметници од сите бранши, борец за Кавадарци подобро место за живеење. Манифестацијата се одржува на денот на неговото раѓање.

Манифестацијата “Денот кога се роди добриот“ во досегашните изданија за учесници имаше ликовни уметници, поети, драмски актери, музичари и други уметници, претежно од Кавадарци, со особен осврт на младите уметници и овозможување на нивна презентација пред културната јавност. Секако, важно е и тоа што како учесници секоја година се јавуваат и најпознатите кавадаречки уметници, ветерани на градската урбана сцена. Битен момент е што манифестацијата се одржува на алтернативни културни и уметнички сцени во градот и надвор од него, како промоција на таквите досега неискористени простори кои имаат изворедна можност за културна презентација и ја имаат основната инфраструктура за таа намена.
Токму во Градскиот парк во Кавадарци, на платото пред Винската куќа, ќе се одржи и шестото издание на “Денот кога се роди добриот човек“.
Годинава учесници се познати кавадаречки рок музичари, актери, поети и уметнички фотографи. Рок бендот “Лексикон“ подготви специјална музичка програма токму за оваа вечер, а во автентичниот простор на кавадаречкиот Градски парк ќе бида изложени уметнички фотографии на Гордан Ристовски Гого. Манифестацијата започнува во 21 часот.
Инаку, ова е втора манифестација која Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ ја организира оваа година. На 16 април, успешно беше реализирано второто издание на манифестацијата “Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Здружение за алтернативна култура
“Алтер Центар“ Кавадарци


Почитувани,
Во недела на 16 април 2017, се навршуваат шеесет години од раѓањето на еден од најголемите македонски и кавадаречки ликовни уметници Ристо Соколов Сокол. Роден на ден Велигден 1957 година, во село Дреново, кавадаречко, Ристо Соколов Сокол со својата уметничка работа и живот ги достигнува македонските уметнички величини, како еден од најдобрите и најголемите од таканаречената втора генерација на најдобрите македонски ликовни уметници.

Денес неговите долгогодишни најблиски соработници и пријатели,
на ден Велигден 2017, на 16 април, по вторпат ќе ја организираат Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Овојпат по повод шеесет години од неговото раѓање. Ристо Соколов Сокол прерано замина од животната и уметничката сцена на Свети Трифун 2015 година.
Манифестацијата ќе се одржи во рок и блуз кафето “Дорс“ во Кавадарци на самиот ден на раѓањето на Ристо Соколов Сокол, еден од локалите каде што големиот уметник остави авторски белег, како што впрочем целиот живот ги одбележуваше градските места со својата уметност, оставајќи зад себе безброј дела, но и ученици, соработници, пријатели кои во недела ќе се потсетат на неговиот плоден уметнички живот. Официјалниот дел од Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ ќе се одвива од 19 до 21 часот. Ќе содржи ликовен дел, фотографска изложба посветена на Ристо, настап на познати кавадаречки актери, поети и музичари, негови соработници и сопатници.
Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ е во организација на неформалната уметничка група “Сокол Арт“ која работи во рамките на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“, со подршка на соработниците и пријателите на Ристо Соколов Сокол и Локалната самоуправа на општина Кавадарци.
Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, кое постои од 2012 година и овојпат се јавува како организатор на голем културен настан, откривајќи нови и алтернативни простори за одржување на културни и уметнички настани во Кавадарци.


Со почит,
Марјан Тодоровски
Здружение за алтернативна култура
“Алтер Центар“ Кавадарци



 

 

 

 

Архива

» 2009
» 2010
» 2011
» 2012
» 2013
» 2014
» 2015
» 2016

 

Место за информации за активности во Кавадарци...

Контактирајте не на :


 

  Ristovski © 2005-2017 posta
mak en de