Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Кавадарци

 

декември 2010

 

Sokol Art 10

Почитувани,

Ве известуваме дека Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК), која беше отворена на 22 декември 2010 во Уметничкото студио „СОКОЛ АРТ“ во Кавадарци и е извонредно посетена, за љубителите на уметноста ќе биде отворена секој ден до 10 јануари 2011 година.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

сабота, 11 декември, 17ч и 19ч, Дом на културата „Иван Мазов - Климе“
14-то издание на Фестивалот на детски песни „Гроздоберче 2010“ продолжува со втората, тинс вечер која ќе се одржи во сабота, на 11 декември 2010 со два концерти од 17 и 19ч во салата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Тинс вечерта ќе понуди 14 нови оригинални композиции, над осумдесет уцесници од цела Македонија и гости од Рожаје, Црна Гора, како и познати имиња од македонската поп естрада.

среда, 22 декември, Уметничко студио „СОКОЛ АРТ“
Отварање на Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци - ДЛУК. Учествуваат над 25 членови на ДЛУК со над педесетина ликовни дела во сите техники. Иначе ДЛУК е едно од најстарите Друства на ликовни уметници во Македонија, по ДЛУМ и успешно работи 33 години. Отварањето на излозбата е од 19ч, а истата за љубителите на ликовната уметност ќе биде отворена до јануари 2011 година.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


ноември 2010

среда, 17 ноември, 18:30 ч. Дом на култура "Иван Мазов-Климе"
Изложба на Наташа Бошковска, Кавадарци

natasa1

петок, 19 ноември,
"Распеана и разиграна чаршија"- Концерт на Фолклорни ансамбли и пеачки групи од: Кавадарци, Валандово, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Делчево, Скопје, Пробиштип, Кочани, Радовиш, Гевгелија, Демир Капија...
18:00 - Дефиле (Кружен тек - Центар - Дом на култура)
19:00 - Концерт, Дом на култура "Иван Мазов-Климе"

plakat1

сабота, 20 ноември, 20:00 ч. Дом на култура "Иван Мазов-Климе"
Концерт "МАК - ХИТ ЕКСПЕДИЦИЈА" (Поп - рок хитови 1980 - 2010) - Авторски проект на Трајче Каровски, Венко Серафимовски и Кокан Пандиловски,
Вокални солисти: Ана Симоновска, Бубо Каров, Бени Шаќири, Мики Јовановски-Џафер, Викторија Апостолова, Лазар Атанасов...

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


 

октомври 2010

Почитувани,

Во рамките на манифестацијата ,,Кавадарци-Град на културата 2010,, Домот на културата ,,Иван Мазов-Климе,, во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија и ПроКредит Банка ќе учествува во фестивалот на новиот германски филм, со прикажуванје на пет филмови и тоа: Пријателство, Виски и водка, Папата Јована, Зајче без ушиња и Џон рабе. Отварањето на тридневниот фестивал во Кавадарци е со филмот Пријателство од Маркус Голер во вторник на 19 октомври во 20ч. останатите претстави се во среда и четврток од 18 и 20.30ч.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


септември 2010

Во рамките на манифестацијата „Кавадарци – Град на културата 2010“

петок, 24 септември, 20 ч., сала на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ концерт на Елена Чадиковска, вибрафон, во придружба на Владимир Чадиковски, класична гитара.

четврток, 30 септември, на различни сцени и простории во Кавадарци,
со голем мултимедијален перформанс (ликовни интервенции, рок концерт, модерен балет) ќе се случи свечено отварање на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2010“ во чии рамки веќе на 1 октомври во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе гостува Народниот Театар од Велес со претставата „Бахиналии“.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Гроздобер 2010


август 2010

Почитувани,
Јубилејната петта Меѓународна ликовна колонија „Хотел Фени“ Кавадарци работи под полна пареа во одлични услови, на задоволство на сите учесници. На колонијата годинава учествуваат ликовните уметници Кирил Казанџиски, Новица Трајковски, Мирко Вуисиќ, Дарко Трпчески, Ѓоко Антониев, Маријана Шијаковска, Надица Соилкова, Александар Нетковски, Јадранка Урдаревска и Маја Крстева од Македонија, Петја Папазова и Мирослав Јотов од Бугарија, Светислав Славковиќ, Ана Милетиќ и Јован Пантовиќ од Србија. Учесник, но и ликовен координатор од основанјето на колонијата е познатиот кавадаречки уметник Ристо Соколов Сокол.
Затварањето на колонијата со изложба на настанатите дела ќе биде на 15 август во вечерните часови.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


 

јуни 2010

Почитувани,

Во рамките на манифестацијата „Кавадарци - Град на културата 2010“„ следуваат следните настани:

Четврток, 17 јуни, 20.30ч - Галерија при Дом на култура „Иван Мазов-Климе“
Отварање изложба на литографии на македонскиот уметник Христијан Санев, кој од 2001 година живее и работи во Париз, Франција.

Петок, 18 јуни, 20ч - Сала при Дом на култура „Иван Мазов-Климе“
Театарска претстава „Жена ми се вика Борис“ во изведба на театарско студио „сцена 71“ при Дом на култура Свети Николе.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ на 3 јули заминува за Република Полска, каде што од 5 до 12 јули, како претставник на Македонија ке учествува на 15 Меѓународен фестивал на фолклорот „Каштеланија 2010“. Фестивалот се одржува во четири градови и тоа во Сиерпц, Журомин, Рипин и Гостинин. Инаку Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ е прв македонски ансамбл кој учествува на овој етаблиран фестивал и ќе настапува заедно, меѓу другите, и со ансамбли од Египет, Полска, Бугарија, Украина, Турција и Шпанија. Поканата до кавадаречките играорци дојде од организаторот, а по успешните настапи низ годините наназад, на еминентни мегјународни фестивали како македонски претставник во Германија, Србија, Романија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


По мало викенд затишје, настаните во рамките на „Кавадарци-Град на културата 2010“ продолжуваат интензивно и нарената недела.


Понеделник, 7 јуни, 20ч - Сала на Дом на култура „Иван Мазов - Климе“
Премиера на театарската претстава „Џон Пиплфокс“ во изведба на Младинско драмско студио при Дом на култура Кавадарци


Вторник, 8 јуни, 20ч- Сала на Дом на култура „Иван Мазов - Климе“
Концерт на Националниот фолклорен ансамбл „Танец“

Концертот на Националниот фолклорен ансамбл «ТАНЕЦ» ќе може да го посетете за само 100 денари, а средствата од концертот се наменети за изградба на Храмот «Света Петка»

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


 

мaj 2010

Почитувани,

Во пресрет на продолжениот празничен викенд во рамките на манифестацијата „Кавадарци-Град на културата 2010“ не очекуваат два настани.

Черврток, 20 мај, со почеток од 19.30 часот, во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник од Скопје Трујкановиќ Мирослава Микица

Петок, 21 мај, со почеток од 20 часот во салата на Домот на културата ќе биде одржан целовечерен самостоен концерт на младиот кларинетист од Кавадарци Лазар Соколов.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk



април 2010

Почитувани,

Во рамките на манифестацијата „Кавадарци-Град на културата 2010“ во текот на наредната недела ќе се одржат следните настани:

Понеделник - 26 април – 20ч - Градска галерија при Дом на култура „Иван Мазов-Климе“- Отваранје на заедничката изложба под наслов „МБА“ на ликовните уметници Маријета Сидовска, Беди Ибрахим и Анѓел Коруновски;

Вторник - 27 април – 20ч - Сала при Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ -
Премиера на театарската претстава „Лага и паралага“ во изведба на Драмското студио при Гимназијата „Добри Даскалов“;

Среда - 28 април – 20ч - Градска галерија при Дом на култура -
Концерт на класична музика - пијано изведби на ученици при ОМБУ „Лазо Мицев - Рале“;

Четврток - 29 април – 20ч - Сала при Дом на култура -
Промоција на книга од Илија Неделков Ограјски од Кавадарци;

Петок - 30 април – 20ч - галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“
Отваранје на изложба на ликовниот уметник Дијана Богдановска од Тетово,
родена 1984 година во Тетово, во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности - Скопје, во класата на Антони Мазневски, одсек за сликрство.
Изложбата во Кавадарци ќе трае до 6 мај.

Со почит,
Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


Почитувани,

Настаните на манифестацијата „Кавадарци-Град на културата 2010“ наголемо се одвиваат уште од почетокот на годината. Зад нас се бројни изложби, концерти, претстави, промоции и трибини. Но, спектакуларното свечено отварање ќе се случи во месец април.
Свеченото отварање ќе биде најавено на 7 април во Скопје, на јавна прес конференција на платото пред Домот на АРМ, со почеток во 12 часот. Ќе биде одржан мал концерт и ликовен перфоманс, на пресот ќе присуствуваат голем дел од учесниците на „Кавадарци-Град на културата 2010“, а за се што ќе се случува ќе информираат организаторите и покровителите Министерството за култура на РМ и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.
Свеченото отваранје пак, ќе се слуци два дена подоцна, на 9 април со почеток во 21 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци со голем концерт на обоистката Гордана Јосифова и Биг бендот на ФМУ предводен од Кире Костов. Специјални гости на концертот ќе бидат Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Страшко Темков.
На концертот ке му претходи отварање на излозжа на ликовниот уметник Владимир Темков, во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во 20 часот.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk



март 2010

Почитувани,

26 март 2010

Во рамките на „Кавадарци - Град на културата 2010“
петок, 26 март ќе донесе два настани.
Во 19 часот, во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе биде отворена втората самостојна изложба на Маријана Шијакоска под наслов „Каде исчезнува светлината???“. Изложбата во кавадарци доаѓа по премиерното поставуванје во Скопје.
Истата вечер, во салата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ целовечерен концерт ќе одржи младиот и талентиран класичен гитарист Миле Каровски.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


Во рамките на манифестацијата Кавадарци-Град на културата 2010, наголемо се одвиваат културните и уметничките настани во Кавадарци.
Веќе во петок, на 5 март со почеток од 20 ч, во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе биде отворена самостојна изложба на цртежи на ликовниот уметник Ана Милетиќ од Ниш, Република Србија.

Bace Q

Во понеделник, на 8 март, со почеток од 20 ч, во салата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе се одрзи концерт на „Баце Квартет“. Концерт е и почеток на македонската турнеја, по завршуванјето на настапите во повеќе европски земји. Главен акцент на концертот ќе биде промоцијата на новиот албум кој е со етно-џез тематика и е добро прифатен од страна на публиката, но и од музичката критика.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


февруари 2010

Страната збогатена со нови содржини.
Од одма можете да се потсетете како беше некогаш за време на «Тиквешкиот Гроздобер» кога галама правеа и Мото трките во Кавадарци

 


јануари 2010

Почна најновата 2010 година, која досега не донеси многу новости. Човек како и досега најновите информации може да ги добие преку интрент страната на
Телевизија Кавадарци (КТВ 41)
или од пишувањата на некои од блогерите
http://bluziranje.blog.mk/
http://oksimoron.blog.mk/
http://www.unevski.blog.com.mk/
http://urbanokavadarci.blog.mk/


Почитувани,

20 јануари 2010 година, среда, 20часот,
во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на слики од ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци. Иако млад (1982) Горан Боев, пред се поради својот квалитет како уметник, добро и е познат на македонската уметничка и културна јавност. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци и на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Ова е негова осма самостојна изложба.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk



16.01.2010

folklor

Почитувани,

Во сабота на 16 јануари 2009 година својот редовен годишен концерт ќе го одржи Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци. Концертот на кој ќе настапат сите активни постави на ансамблот, заедно со народниот оркестар, ќе се одржи во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ со почеток во 19 часот.
Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ со овој концерт ја започнува својата концертна активност за 2010 година, како увертира во бројните концерти во Кавадарци и низ Македонија кои следуваат, како и учествата на неколку интернационални фолклорни фестивали во странство.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


... некои настани од 2009-тата година ...

 

 


 

  Ristovski © 2005-2010 posta
mak en de