Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

 

2011

Во рамките на своите редовни програмски активности, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ паралелно со редовното прикажување на претставата “Хамлет од Долна Бошава“, инаку наградена за главна машка улога на драмскиот фестивал во Кочани, претстава која успешно гостуваше на сцената на Народниот Театар “Џинот“ во Велес и на Македонското културно лето во Мала Преспа, во Албанија, започна со подготовка на две премиери и тоа на целовечерна и детска претстава.
Најмладите во Кавадарци ќе имаат можност за време на новогодишните празнувања да уживаат во театарските магии на кавадаречкиот театар преку новогодишната детска претстава, и преку песна и игра ќе го пречекаат Дедо Мраз.

Што се однесува до целовечерната претстава кавадаречките актери започнаа со подготовка на Театарска претстава по текст на најпознатиот македонски автор на драмски дела – Горан Стефановски. Станува збор за текстот “Дупло дно“, интригантна приказна за македонското современо битие. Режијата на претставата е на познатиот кавадаречки актер Александар Малинков, кој е и носител на една од улогите. Во претставата уште играат и Милица Гочевска, Диме Коцевски, Дејан Атанасов и Благица Ѓорѓиева. Тимот кој ќе ја донесе претставата пред љубителите на театарската уметност во Кавадарци, зад себе има повеќе успешни претстави, што во старт значи дека не очекува возбудлива и модерна претстава, со која кавадаречкиот Театар се вклучува во актуелните театарски движења во Македонија.


Гроздобер 2011

Напишано од Unevski ...
Со свеченото пуштање во употреба на новата кино сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ и официјално ќе започне чествувањето на овогодишниот тиквешки гроздобер кој ќе биде затворен со настапот на македонскиот ска-панк состав, Суперхикс.
Во продолжение официјалната програма за тиквешкиот гроздобер:

Среда - 07 септември 2011 година

19:00 Свечено пуштање во употреба на новата кино сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ - Кавадарци

19:30 Свечена седница на Совет на Општина Кавадарци по повод 7 септември, денот на ослободувањето на Кавадарци - Сала при Дом на културата

20:30 Концерт на квартет „Марија“ со Пламенка Трајкова - Дом на култура „Иван Мазов - Климе“


Четврток - 08 септември 2011 година

18:00 Отварање на изложба „Некогаш и денес“ на Ристо Соколов - Сокол - Уметничко студио Сокол Арт

19:00 Концерт на Димо Дулот и оркестар - Мал Парк (спроти полицијата)

20:00 Свечено отварање на изложба од ликовната колонија „Кавадарци - Уни Палас 2“ проследена со аукција на делата од колонијата (парите ќе бидат донирани за изградбата на камбанаријата на црквата „Св. Петка“ во Кавадарци - Галерија при Дом на култура „Иван Мазов - Климе“

20:30 Концерт на класична музика на професори и ученици од ОМБУ „Лазо Мицев - Рале“ - Амфитеатар, градски плоштад

21:00 Концерт на Марјан Коцев и групата Дрим Тим - Мал парк (спроти полицијата)



Петок - 09 септември 2011 година

12:00 Изложба на фотографии „Свадби на стари кавадарчани“ - Музеј галерија, Кавадарци

17:30 Свечено отварање на „Саем на вино и храна“. Поздравен говор на претседателот на Советот на Општина Кавадарци, г-дин Илија Тренчев - Кружен тек

17:40 Настап на фолклорен ансамбл „Тиквеш“ - Кружен тек

18:00 Детски гроздоберски карневал - дефиле - кружен тек - Илинденска - 7ми Септември - мал парк

20:00 Културно уметничка програма

20:30 Свечено отварање на „Вински Боемски фестивал“ - поздравен говор на градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Александар Панов - Мал парк (спроти полицијата)

21:00 Концерт посветен на песната на Никола Бадев - ѕвездите на македонската фолк естрада ќе ги пеат рефрените на Никола Бадев - Мал парк (спроти полицијата)

24:00 Модна ревија со избор на вински крал и кралица и прием на нови членови во винската академија - Винска куќа, градски парк



Сабота - 10 септември 2011 година

11:00 Авторели трка Витачево 2011 - мост на река Луда Мара (Моклиште) до висорамнината Витачево

14:00 Авторели трка Витачево 2011 - мост на река Луда Мара (Моклиште) до висорамнината Витачево

14:00 - 18:00 Забавувачка атракција на улични забавувачи по улиците на централното градско подрачје во Кавадарци

18:00 Концерт на фолклорни ансамбли гости на тиквешкиот гроздобер - Кружен тек

19:00 Настап на групата „Еден ден“ - градски плоштад

20:00 Вински карневал - дефиле - дефиле - кружен тек - Илинденска - градски плоштад

22:00 Церемонија на откинување на првиот грозд од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци и отпочнување на гроздоберските денови - градски плоштад
- огномет
- голем спектакуларен настап на бразилската карневалска група Exotic danse од Ница, Франција

23:00 Концерт на Бајага и Инструктори - градски плоштад

24:00 Традиционална тиквешка серенада со ансамблот „Билјана“ од Охрид


Недела - 11 септември 2011 година

10:00 Голем турнир во играње на табла, Таблијада 2011 - Градски плоштад

11:00 Авторели трка Витачево 2011 - мост на река Луда Мара (Моклиште) до висорамнината Витачево

12:00 Трка со магариња - градски плоштад - стара автобуска

12:00 Авторели трка Витачево 2011 - мост на река Луда Мара (Моклиште) до висорамнината Витачево

13:00 Дегустација на вино и доделување на дипломи за дегустација - мал парк (спроти полицијата)

19:00 Концерт на фолклорни ансамбли гости на Тиквешки гроздобер - мал парк (спроти полицијата)

21:00 Концерт на рок групите „Muff“ и „Refresh“

22:00 Концерт на Слаткар и групата Слаткаристика - градски плоштад

23:00 Концерт на Суперхикс - градски плоштад

 

“ОФИЦИЈАЛНА“ ПРОГРАМА »»»


04.05.2011, 20 h, Театар при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“

Почитувани,

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци има хит претстава. Тоа го покажа премиерата одржана во петокот, на 29 април пред преполн салон при Домот на културата.

hamlet


Аплаузи на отворена сцена и неколку минутни овации од публиката наменети за одличната изведба на кавадаречките актери по завршувањето на претставата.

Станува збор за адаптација на оригинален текст на хрватскиот автор Иво Брешан, кој во кавадаречката верзија гласи „Хамлет од Долна Бошава“. Режијата е на гостинот од Велес, Јордан Витанов. Првата реприза за која веќе се резервирани сите карти е на репертоарот во среда на 4 мај од 20 часот.

Со почит,
Марјан Тодоровски
медиумски соработник на
Уметничко студио „Сокол Арт“
Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


13.02. - 16.02.2011, 09-21h, Уметничкото студио „Сокол Арт“

Сокол Арт

Почитувани,

По повод празникот Свети Трифун, Уметничкото студио „Сокол Арт“ од Кавадарци ќе ја понуди на љубителите на уметноста својата стална поставка, односно делата на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол, поткрепена со дела од ликовни уметници од Македонија и странство, пријатели на студиото „Сокол Арт“. Делата се со автентична тематика, поврзана со живеењето во Тиквежкиот крај, односно лозарството и винарството, како и традицијата на живеење поврзана со овој крај.
Ликовните дела ке бидат изложени во галерискиот дел на Студиото од недела (13 февруари) до среда (16 февруари) од 9 до 21 часот.
Инаку сталната поставка на Студиото е достапна за културната јавност секој ден од 12 до 20 часот.

Со почит,
Марјан Тодоровски
медиумски соработник на
Уметничко студио „Сокол Арт“
Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk

 

 

Архива

» 2009
» 2010


 

  Ristovski © 2005-2011 posta
mak en de